• Fri. Nov 22nd, 2024

Генерален штрајк од 11 април – нема да се примаат деца во градинките, настава нема да се изведува

Генерален штрајк од 11 април – нема да се примаат деца во градинките, настава нема да се изведува

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК вчера ја одржа својата 4-та редовна седница, на која изврши детална анализа на Записниците од одржаните состаноци на ниво на синдикални организации на СОНК, а во врска со носење Одлука за Генерален штрајк.

-На седницата, неминовен беше заклучокот дека Советот на СОНК го почитува социјалниот дијалог и дека во изминатиот период оствари повеќе средби, како со Владата, така и со социјалните партнери МОН И МТСП, за усогласување на платите со минималната плата на национално ниво. Но, за жал, во овој временски период, по однос на нашите барања, нема никаков резултат.

Неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства, дополнително влијае на одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања. По опширната расправа на седницата, земајќи го во предвид изјаснувањето на огромен процент на членството за организирање на штрајк, Советот на СОНК едногласно донесе Одлука за организирање и одржување на Генерален штрајк, кој би започнал на 11.04.2022 година, се наведува во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *