Гевгелија ќе добие нова депонија. Со тоа треба да се реши долгогодишниот проблем со отпадот кој го мачи овој град. Депонијата ќе биде изградена во непосредна близина на населеното место Ново Конско и треба да ги задоволува потребите на општината до отворањето на регионалната депонија „Шапкар“ кај струмичко Добрашинци.