Гевгелија ќе биде новогодишно украсена, но без распишување на нов тендер
Гевгелија во пресрет на новогодишните и божиќните празници ќе биде новогодишно украсена,но скромно. Годинава нема да биде распишан нов тендер за новогодишно украсување. Според градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, поради енергетската криза и воопшто потребата од заштеда на средства, одлучено е градот и неговото централно градско подрачје да бидат украсени со новогодишните украси, со кои располага Oпштината.