• Sat. Nov 23rd, 2024

Гевгелија и Валандово ги подобруваат условите за работа во индустриските зони

Откако премиерот Зоран Заев најави дека во општина Гевгелија се утврдени најмалку 10 нови турски инвестиции во зоната на коридорот 10, општина Гевгелија најави дека експресно почнува со подготовка на индустриската зона „Прдејци”.

– Во оваа индустриска зона, која е лоцирана на само стотина метри од автопатот „Пријателство” веќе стартувавме со изградба на комуналната инфраструктура и довод на електрична енергија, а паралелно со тие активности се изработува и студија за оправданост и нејзино ставање во функција како модел за привлекување, покрај странските и на домашни инвестиции кои ќе претставуваат постпандемиски поттик за развојот на локалната економија во општина Гевгелија, рече градоначалникот Сашо Поцков.

Покрај ова и општина Валандово потврди дека е при крај со процесот за создавање нова индустриска зона наменета за стопански објекти кои ќе се занимаваат исклучиво со производство, преработка, откуп и слкадирање земјоделски производи.

– Целта на овој чекор е да ги зголемиме капацитетите за апсорбција и пласман на земјоделскиот производ подобрување на неговата побарувачка и прогресирање на откупната цена со што обезбедуваме услови за развој на земјоделието како стратешка предност, велат од општина Валандово.

(МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *