• Fri. Nov 22nd, 2024

Гевгелија е во алармантна состојба

Гевгелија е во алармантна состојба, предупредува градоначалникот на oпштина Гевгелија, Сашо Поцков. Тој денес повторно упати апел до сите граѓани и правни субјекти за почитување на заштитните мерки. Особено по влошената епидемиолошка состојба во oпштината и растечкиот број на новозаболени лица:

            – Состојбата е многу лоша бидејќи бројот на новозаболени последниве денови е скоро ист како за цела мината година. Во прв ред, поради недисциплинираното однесување и почитување на заштитните мерки, пред се, од младата популација. Скоро сите кафичи се казнети поради непочитување на пропишаната дистанца на седење со протоколите за работа. Контролите на патролните екипи формирани од Општинскиот штаб за заштита и спасување покажаа дека заштитните мерки и дистанца не се почитуваат и пред некои супермаркети имаме групирања во туристичките места и на јавни места.

Ваквата недисциплина е на штета на здравјето на граѓаните, а за тоа најдобра потврда е преполната Модуларна болница со хоспитални и Дневниот КОВИД- центар со пациенти со дневна терапија. Но уште полошо е што недостигаат здравствени работници, бидејќи дел се заболени или пак се во изолација. Затоа апелирам состојбата да се сфати најсериозно. Пред се, фактот дека заштитните мерки мора да се спроведуваат, апелира Градоначалникот на општина Гевгелија.

Невработеноста зголемена за 144%

            Притоа, Поцков нагласи дека недициплината, исто така, е на штета и на локалната економија имајќи ја предвид нејзината зависност од прекуграничниот промет. Затворањето на грчката граница предизвика затворање на делови од хотел-казината, конфекциски погони, стоматолошки ординации и други услужни дејности. До крајот на 2020 година, според статистиката на Агенцијата за вработување- ПЕ Гевгелија за регионот што го покрива, вклучувајќи ги општините Гевгелија, Богданци и Дојран, евидентирани се 2116 лица кои бараат работа. Од вкупната бројка, 200 лица се од Дојран, 480 од Богданци. Останатите 1436 лица се од општина Гевгелија.       

Споредбено со 2019 година, во 2020 бројот на лица кои бараат работа се зголемил за 144%. Отвореноста на границата е единствениот излез за заздравување на локалната економија, а тоа зависи од епидемиолошкаста слика кај нас и кај соседите, нагласи градоначалникот Сашо Поцков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *