• Sun. Nov 24th, 2024

Гевгелија доби грант за изградба на водоводна мрежа во Караорман

ByВане Трајков

Aug 20, 2019

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денеска во министерството за финансии со заменик министерката Ширет Елези го потпишаа договорот за користење на грант средства од МСИП Проектот за подобрување на општински услуги.


Грант средствата во висина од 4,17 милиони денари ќе бидат користени за реализација на за изградба на водоводна мрежа на сервисните улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”, во станбена населба Караорман. Водоводната мрежа е во вкупна должина од 1763 метри


-Со реализацијата на овој проект се обзбедува водоснабдување на станбените објекти на овие сервисни улици во станбената населба „Караорман“ , чии инвеститори веќе платиле комунален надомест, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *