Новајлијата ,,Блокотехна,, на Главчев од Гевгелија ја превзеде лидерската позиција во Првата кошаркарска лига на Македонија откако вечерва му зеде ,,мерка,, на шампионот МЗТ во салата ,,Јане Сандански,, во Скопје .Гевгелискиот состав го дели првото место на табелата со Гостивар и со Работнички кои по четири кола во тековната сезона немаат запишано пораз.
Во таборот на ,,Блокотехна,, вечерва блескаа Младеновиќ (10), Главчев (10), Мијатовиќ (21), Казарновски (9), Бенџамин (20), Малори (15) и забележаа победа против МЗТ со резултат 85:77, со што беше заокружено 4 коло
За разлика од ,,Блокотехна,, вториот кошаркарски прволигаш од Гевгелија – Кожув тоне. Тие се наоѓаат на дното од прволигашката табела без ниту една победа и со најлоша кош разлика.
Блокотехна е клубот кој лани преку КК Радовиш обезбеди пласман во кошаркарската елита.