Гевгелија ќе бара да има посебен протокол за жителите од грчките погранични места кои секојдневно доаѓаа на пазарење и други улсуги. Од купување основни намирници и облека, преку фризерски услуги и заболекар, цела Гевгелија буквално живееше од трговската размена со соседна Грција. Градоначалникот Сашо Поцков вели дека вакво барање веќе е испратено и ќе чекаат да се одлучува по него.
Затворените граници и мерките за забрана за движење ги почувствуваа сите граѓани, но се чини последиците се поизразени во пограничните места кои живееја од своите редовни посетители од другата страна на границата. Поцков вели дека ќе им треба повеќе време за да закрпне локалната економија.
Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со својот грчки колега. Идната недела ќе се објави протоколот за патување во Грција.