Гевгеличани уживаа во изведбата на претставата од репертоарот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов“- Велес, „Татко“, којашто долови реалистични односи меѓу родител-дете.
Фантастичната актерска игра, пред сѐ на Јордан Витанов преку реминисценциите, како и на Маја Љутков, Жарко Спасовски, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов и Симона Димковска, ги натера гевгеличани да се потсетат на животните искуства, одминати или сегашни, наградувајќи ги со заслужен аплауз. Зашто секој се нашол во ситуации и улоги коишто ги обработува претставата – било оние што ја следат претставата или пак оние што ги толкуваат улогите.
„Праведни ли се децата во носењето одлуки кога нивните родителите им стануваат товар од која било причина?“, е прашањето, чиј одговор го дава „Татко“, во режија на Ненад Витанов.