• Sat. Nov 23rd, 2024

Гевгеличани потопени во Бар, за нив нема БИБЛ финале

Кошаркарите на Кожув од Гевгелија по синоќешниот пораз од Морнар во Бар – Црна Гора во реванш полуфиналето од БИБЛ лигата останаа без финале во ова натпреварување. Морнар успеа да ја анулира предноста на гевгеличани од 15 поени од првиот натпревар (86:71) и во реваншот синоќа славеа со 81:56.  ,,Морнарите,,  негативата ја потопија уште во првата четвртина кога имаа водство од 16 поени. Гевгелискиот состав беше рамноправен само во третиот период а во последните 10 минути беа очајни со само 6 уфрлени поени. Гевгеличани по вторпат ги губат шансите за освојување на ова балканска БИБЛ лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *