ГевгеличанецотДимитар Карајанов во акција да ги мотивира сограѓаните да се грижат за јавното здравје. Вечерва тој испринтал плакати и поставил средство за дезинфекција во центарот на градот, сакајќи на тој начин да ги потсети граѓаните дека треба да се грижат едни за други.
Во постот на својот фејзбук профил, карајанов ги повикува и другите граѓани да издвојат средства и да набават антибактериски гелови што ќе се постават на повеќе локации низ Гевгелија.