Постапувајќи по најновите препораки на Владата за преземање дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на КОВИД-19, Комуналец Гевгелија известува дека почнувајќи од 16.03.2020 година, наплатните пунктови ќе работат редуцирано, односно:
– Наплатниот пункт во административната зграда на ЈПКД Комуналец Гевгелија ќе работи од понеделник до петок од 07:00 до 11:00 часот;
– Наплатниот пункт во туристичкиот ИНФО центар ќе работи од 11:00 до 15:00 часот.
Плаќањето на сметките Ви препорачуваме да го вршите преку електронската наплата на нашата веб страница www.komunalecgevgelija.mk или електронските банкарства на Вашите банки. Наплатните пунктови на ЈПКД Комуналец Гевгелија користете ги како најпоследна и неизбежна опција.