Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, Гевгелија ги предупреди правните лица од општината дека имаат ропк до крајот на месецот да ги подмират сметките за комунални услуги.
„Ги известуваме правните лица (фирми), корисници на услугите на ЈПКД “Комуналец” кои ги немаат исплатено обврските доспеани до 30.06.2019 година, истите да ги подмират заклучно со 30.09.2019 година.
После овој рок, должниците ќе бидат утужени со испорачани платни налози“, се вели во соопштението на Комуналец.