• Mon. Nov 25th, 2024

Гевгелискиот градоначалник Сарамандов им го честиташе успехот на шахистите од „7 Ноември“

ByЃ. K.

Jul 6, 2023

По враќањето на Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија од учеството на турнирите од Првенството во Втората шаховска лига, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беше во посета и оствари средба со членовите во просториите на Клубот. На средбата, Сарамандов им го честиташе успехот на членовите за 4. место и квалификацијата на ШК „7 Ноември“- Гевгелија во баражните игри за Првата шаховска лига.

Градоначалникот го изрази своето задоволство што од основањето на Клубот по негова иницијатива како вљубеник во шаховската игра, за краток период ШК „7 Ноември“ постигна високи резултати. Како и членувањето на се поголем број млади ентузијасти кои имаат интерес за шах.

Имено, турнирите за Втората машка сениорска лига во шах, на која учествуваа и 9 члена на Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија обездедувајќи квалификации во баражните игри за Првата шаховска лига, се одржаа во хотел „Дрим“- Струга, во организација на Шаховската федерација на Македонија. Првопласирани во Втората машка лига се две екипи од Битола на Шаховските клубови „Стево Патако“ и ШК „Штајниц“.

By Ѓ. K.