Во попладневните часови кога граѓаните брзаат да се приберат дома, особено сега во време на светска пандемија, градовите стануваат тивки како напуштени места. Малку дожд, намуртено небо, па сонце, се е како што треба за почеток на пролет во март. Но, наместо разџагорени деца и забрзани граѓани, сите се дома. Оние што излегуваат, пак, речиси и не го забележуваат пролетното будење на природата од маските и шаловите со кои се трудат да се заштитат од вирусот. Веруваме дека и ова ќе помине, ќе остане зад нас како сеќавање за бура која не затворила во домовите, но и тогаш, ќе сакаме да се навратиме да погледнеме во фотографиите и видеата, како изгледаа нашите села и градови.
Oва особено ги инспирира уметниците, кои впрочем, и онака ја љубат мирнотијата на околината. Деновиве постојано објавуваме нови фотографии од најразлични локации кои ги прави фотографот Георги Кончаиев и Кире Пиличев, кои се дел од Showtime продукција. Се надеваме ви будат убави емоции и вам кои сте дома, и на оние што избегнуваат шетање но и на сограѓаните кои се надвор од државата.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section][et_pb_section fb_built=”1″ _builder_version=”4.4.2″][et_pb_row _builder_version=”4.4.2″][et_pb_column _builder_version=”4.4.2″ type=”4_4″][et_pb_gallery _builder_version=”4.4.2″ gallery_ids=”19129,19130,19131,19132,19133,19134,19135,19136,19137,19138,19139,19140,19141,19142,19143,19144,19145,19146,19147,19148,19149,19150″ hover_enabled=”0″ show_title_and_caption=”off”][/et_pb_gallery][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]