Вчера се одржа акција со наслов „Градот заслужува да дише“ со која се изврши пошумување на голите ридови над Струмица со 1000 садници од црн бор, багрем и чемпрес. Се садеше на две локации на Чам Чифлик и до црквичката во близина на местото на трагично загинатите пожарникари во големиот шумски пожар од 2012 година, стои во објавата на Здрава котлина
Во акцијата учествуваа повеќе од стотина активисти и граѓани поддржани од земјоделска механизација. Времето беше одлично, расположението позитивно, енергијата висока, лицата ведри и насмеани, се на се перфектен ден за пошумување! Учествуваа повеќе различни организации од општините на струмичкиот микрорегион, градоначалникот на Струмица, претседателот и дел од советниците во Советот на општина Струмица како и вработени во општинската администрација.
,,Оваа иако мала акција, сепак е значајна за сите граѓани и животната средина можеби најмногу поради примерот кој инспирира сите помасовно да се вклучиме во градење на иднината. Инаку пошумувањето е значајна алатка за обнова и ревитализација на екосистемите зошто секое засадено дрво придонесува за намалување на високите температури, чистење на загадениот воздух, одржување на влажноста на почвите, намалување на ерозијата и ризикот од поплави,,соопштија од Стига е