• Mon. Nov 25th, 2024

Вчера во Ќустендил се одржа петтата седница на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија – Македонија.

На 30 јануари 2018 година во Ќустендил се одржа петтата седница на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија – Македонија. Седницата беше претседавана од страна на г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Членовите на Заедничкиот комитет за следење на Програмата ги разгледаа и одобрија следниве главни документи:
1. Пакетот на документи за аплицирање за Вториот повик за предлог проекти, вклучувајќи ги Насоките за аплицирање и критериумите за избор на проекти;
2. Правила за оценка на поднесените проектни предлози по Вториот повик.

За време на средбата беше презентиран напредокот на спроведувањето на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија – Македонија 2014-2020, како и напредокот во активностите за затворање на прекуграничната програма на ИПА 2007-2013.

Заедничкиот комитет за следење одлучи да се објават Втората покана за предлог проекти на 9 февруари 2018 година, по трите приоритетни оски на Програмата: Приоритетна оска 1 – Животна средина, Приоритетна оска 2 – Туризам и Приоритетна оска 3 – Конкурентност, со вкупен буџет од 6 917 631 евра.

За првпат проектите ќе бидат поднесувани единствено по електронски пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *