Според увидот, што е направен од страна на службата од Општина Радовиш,констатирано е дека од вчерашните врнежи од дожд, повторно е предизвикано оштетување на дел од инфраструктурата во населеното место Калугерица.Во текот на денешниот ден, ќе бидат превземени оперативни мерки за санирање на штетите.