Вкупниот број на заболени лица со коронавирусот во Македонија продолжува да расте , а во секојдневен пораст е и бројот на заболени здравствени работници. “Регистрирани се 52 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Од вкупниот број на регистрирани случаи , 34 се заболени во болнички / амбулантски услови, стои во анализата на Институтот за Јавно здравје.
Од вчера , заразени се 11 медицински лица од Куманово, еден во Скопје.
Потврдено и официјално е дека заболени здравствени работници има од болниците во Куманово, Скопје, Кавадарци, Охрид, Демир Хисар, Битола , Дебар , а неофицијално и во Штип.