• Tue. Nov 26th, 2024

Вработена во Катастар – Радовиш побарала поткуп од 2.000 денари

ByЃ. K.

Jul 7, 2023

Вработена во Агенцијата за катастар на недвижностите, Подрачно одделение Радовиш била приведена од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш.

Таа се сомничи дека на 08.06.2023 изготвила договор за отстапување имот на жител од Радовиш, кој требало да биде изготвен од адвокат, и за него неосновано побарала паричен надомест од 2.000 денари, кој на 4.7.2023 година ѝ бил даден.

– На 4.7.2023 година, во службените простории на Агенцијата, при преглед на осомничената била пронајдена банкнота од 2.000 денари, која претходно била обележана, а при претрес на нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело, соопшти МВР.

Како што информира МВР, С. Д. била задржана во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а од судија на претходна постапка изречени се мерки на претпазливост.

By Ѓ. K.