• Mon. Nov 25th, 2024

Во Europe House Струмица се одржа работилница за ментално здравје „Одејќи по тенки линии”

ByЃ. K.

Apr 18, 2024

„ОДЕЈЌИ ПО ТЕНКИ ЛИНИИ”, работилница за менталното здравје и придобивки од арт терапијата, како и други терапевтски методи, се одржа во Europe House Струмица.

Психијатар Милјана Кацарска, зборуваше за менталното здравје и тековните предизвици со кои се соочуваме. За достапни методи за превенција и третман на психолошките и емоционални состојби и како можеме да си помогнеме.

Во вториот дел од настанот уметникот Горан Стојчетовиќ, презентираше метод на длабинско цртање. Преку интерактивен начин со цртање, учесниците имаа можност да ги истражуваат и толкуваат значењата на заедничките цртежи.

Според Светската здравствена организација, околу 25% од светската популација страда од душевна болест во даден момент од својот живот. 350 милиони боледуваат од депресија. Има напредок во разбивањето на стереотипите и справувањето со стигмата поврзана со проблемите со душевното здравје, сепак, оние што чекорат по „тенките линии на умот“ остануваат маргинализирани и дискриминирани, а душевните болести и понатаму се завиени во предрасуди.

By Ѓ. K.