• Fri. Nov 22nd, 2024

Во 6 града во земјава нема повеќе активни случаи со Kовид-19

Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје информира дека во шест града во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со Ковид-19, пренесе Макфакс.

Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.

Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во нив не се регистрирани смртни случаи од ковид-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *