• Sat. Nov 23rd, 2024

Во Југоистокот намален интересот за вакцинација а расте бројот на новоинфицирани од Ковид-19

Интересот за вакцинација во струмичко значително опадна иако бројките на новозаразени контуинирано расте. Според доктор Масинова ако пред неколку месеци во овој регион се вакцинирале по 900 граѓани сега на пунктот за вакцинација доаѓаат по 100 тина струмичани претежно лица над 50 години и многу е мал интересот за имунизација против ковид 19 со прва доза.

Во струмичко последните денови бројката на новоинфицирани постојано е двоцифрена. Во моментов се водат над 200 активни случаи а на инфективното и на дневна болница се водат околу 20 лица. Расте бројот на новозаразени и во Гевгелија каде се водат околу 160 активни случаи со коронавирус. Доктор Олумчев вели дека бројката е поголема

Лекарите од Струмица и Гевгелија апелираат на почитување на превентивните мерки и вакцинација. Од почетокот на пандемијата во општините од Југоистокот од компликации предизвикани од коронавирусот според Институтотза јавно здравје починале 547 лица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *