Вчера во периодот од 11.00 до 15.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле санкционирани 53 возачи, од кои по 22 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 6 на подрачјето на Гевгелија и 3 на подрачјето на Валандово. Од санкционираните возачи, 29 ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место. За сторените прекршоци возачите биле соодветно санкционирани.