• Mon. Nov 25th, 2024

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

Во фирма во Струмица пронајдени 330 килограми режан тутун без бандерола

Полициски службеници во фирма во Струмица пронашле 330 килограми режан тутун без бандерола.

 По добиени оперативни сознанија од Регионалниот центар за гранични работи Исток, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и СВР Струмица во координација со Пазарен инспекторат од Струмица извршија контрола во фирма во Струмица, при што пронајдоа 330 килограми режан тутун без бандерола, наведува МВР во дневниот билтен.

Од МВР наведуваат дека по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *