• Mon. Nov 25th, 2024

Во тек е реконструкција на три улици во Миравци

ByЃ. K.

Jul 7, 2023

Продолжуваат градежните активности за реконструкција на улици кои поради големо оштетување беа наметнати како приоритетни во општина Гевгелија и населените места. Во моментот течат активностите во населеното место Миравци, за реконструкција на вкупна површина од 3450 м2.

Станува збор за три улици на кои во минатото била поставена нова фекална канализација, но не била извршена целосна реконструкција.

По барање на жителите од Миравци во овој зафат ќе бидат опфатени:

  • ул. „Едвард Кардељ“ во должина од 350 метри и 1750м2
  • ул. „Иднина“ во должина од 300 метри и 1500м2
  • дел од ул. „Кирил Танев“ во должина од 33 метри и 165м2.

By Ѓ. K.