За првпaт на одделот за интервентна кардиологија во нашата болница е изведена процедура за стентирање на вратна артерија (каротидна артерија) преку артерија на рака на пациентот. Вака објавија од струмичката болница од каде соопштуваат дека станува збор за пациент кај кого е направена дијагностичка коронарографија каде е дадена индикација за хируршка реваскуларизација на срцето (бајпас) и третман на лева и десна каротидна артерија.
,,Според протоколот мораше да се обезбеди доволен проток на крв во мозокот, па потоа во втор акт пациентот да оди на бајпас операција. Кај пациентот преку десната рачна артерија(радијална), се пристапи до десната вратна артерија и се постави стент во истата,, стои во информацијата од ЈЗУ Општа Болница Струмица
Од болницата упатија благодарност до Др Сашко Николов – кардиолог од Штип и кардиолошки тим со Др Верица Милушева Трендова.