• Thu. Nov 21st, 2024

Во Струмица ќе се реализира проект за откривање и мерење на изворите за аерозагаденост

ByВане Трајков

Mar 30, 2023

Започнува имплементација на новиот проект за справување со квалитетот на воздухот што ќе се реализира како соработка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнерски организации. Проектот има цел да ги поддржи локалните власти во пет пилот-општини во нашата дражава, во насока на откривање и мерење на изворите на загадување на воздухот, идентификување, развој и спроведување соодветни мерки за надминување на проблемите, јакнење на капацитетите на партнерските организации, како и подигање на јавната свест и развивање на позитивните навики кај широката јавност. Истиот се надоврзува на постигнатите резултати и научените лекции од првата проектна фаза што се спроведуваше во Градот Скопје. Успешно спроведените активности ќе се реплицираат во Кавадарци, Гостивар, Куманово, Струмица и Струга како градови што имаат сериозни проблеми со загадувањето на воздухот.

Како партнери во проектот се вклучуваат и Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и ЗЕЛС, а во имплементирањето ќе се вклучи и научната фела преку лабораторијата АМБИКОН од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ која во претходниот циклус во тесна соработка со стручните служби на МЖСПП работеше на детекција и моделирање на изворите на загадување на проекција на мерките.

Во проектот дел од финансиските средства, ќе се искористат за подобрување на енергетската ефикасност и замена на системите на греење на јавни објекти, за кои предлог ќе дадат самите општините, а реализацијата ќе одвива врз основа на кофинансирање од страна на самите општини.