• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Струмица ќе се одржи трибината „Македонски труд – Европска социјална политика” во рамки на кампањата „Ние сме Европа“

ByЃ. K.

Sep 1, 2023

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, организирана од Секретаријатот за европски прашања, денеска во Струмица, во 18 часот во Амфитеатарот во градскиот парк ќе се одржи отворена трибина „Македонски труд – Европска социјална политика”. 

На оваа трибина градоначалникот Костадин Костадинов ќе ги презентира струмичките успеси и факти од соработката со европските фондови и општинските социјални услуги.

Настанот е дел од информативниот караван организиран од СЕП, под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите што ги нуди членството во ЕУ.

By Ѓ. K.