• Mon. Nov 25th, 2024

Во Струмица ќе биде презентирана новата национална кампања „Дискиминацијата завршува со мене“

Мрежата за заштита од дискриминација започна со кампања за покренување на јавната свест за недискриминација. Кампањата под слоганот „Дискриминацијата завршува со мене!“ ги повикува граѓаните да не молчат пред дискриминацијата, да ја спречат и да ја пријават.
Мрежата за заштита од дискриминација на јавна трибина во Струмица ќе ги претстави предизвиците во спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација на локално ниво, како и функционирањето на локалните механизми во полето на превенција, справување и заштита од дискриминацијата. Воедно, на настанот ќе биде презентирана новата национална кампања „Дискриминацијата завршува со мене!“.
На настанот ќе бидат презентирани активностите и целите на Мрежата за заштита од дискриминација во рамки на проектот „ЗСЗД под лупа: Следење на спроведувањето на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Кампањата има за цел да испрати порака дека дискриминацијата има бројни негативни последици по индивидуите и по општеството како целина, како: сиромаштија, насилство, социјална изолација, повреда на достоинството, неможност за професионален напредок, ниско ниво на образование, намалена самодоверба, нарушување на физичкото и менталното здравје итн. Истата повикува на почитување на еднаквоста од страна на сите граѓани бидејќи таа е предуслов за постигнување на благосостојба на целото општество и клучен принцип, гарантиран со Уставот на РС Македонија. Кампањата повикува на еднаквост, спречување на дискриминација и неучество во неа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *