25 лица се хоспитализирани во струмичкото инфективно одделение .За нашата телевизија инфектологот др.Катица Маранѓозова потврдува дека сите кои во моментов се на одделение се со бронхопнеумонија а само еден пациент е со паплеро пневмонија.Бројот на пациенти вели кои доаѓаат на дневна амбуланта во стационарот на одделението е намален односно се движи од 60 до 70 но само ја примаат неопходнта терапија и заминуваат на домашно лекување.
Лекарите сметаат дека бројот е со 20 отсто намален на заболени од грип поради студениот бран кој го зафатати регионот.Но се загрижени дека за неколку дена кога треба и да отпочне второто полугодие на учебната година и зголемувањето на температурите повторно ќе го зголеми бројот на новозаболени лица со грип.Како последица од грипот во земјава веќе има и два случаи со починати односно,две деца на возраст од три и четири години починале од грип, објави Институт за јавно здравје во денешниот извештај.
Едно од децата на возраст од три години било од Кичево, а другото на возраст од четири години од Гостивар. И двете биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести – Скопје на Одделот за интензивна нега. Во првата недела од оваа година во Струмица се регистрирани околу 1000 нови заболени лица со грип.
Вкупниот број на пријавени случаи и оваа недела ја надминува границата на многу висока активност, согласно моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип. И оваа недела како и минатата, најголем број заболени се регистрирани на територијата на Скопје, а поголем број на случаи пријавени се во Струмица, Битола и Кавадарци.