Второто издание од фестивалот на класична музика „Класичен меѓународен фестивал Струмица 2023“, на кој најголемиот дел од програмата ќе биде посветен на камерната музика, се одржува до 9 јуни на неколку локации во Струмица.
,,Идејата беше поттикната од нас, група професионални музичари од Филхармонијата, Операта и колеги од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, оформени во здружение на граѓани со наслов на фестивалот, а со цел да направиме еден интересен фестивал, единствен од таков вид кај нас, презентираjќи претежно камерна музика во различни состави. Идејата за фестивалот со задоволство ја прифатија и ја поддржаа градоначалникот на градот и Советот на Општина Струмица, со цел фестивалот да стане традиционален, за што им благодариме за поддршката,, ни изјави проф. м-р Васил Атанасов, селектор на фестивалска програма на „Класичниот меѓународен фестивал Струмица 2023“.