Со песна танц и смеа заврши аудицијата во Струмица за еден од најпрестижните фестивали „Ритамот на Европа“. Најдобрите шест финалисти се веќе избрани.
Истите ќе имаат можност својот исклучителен талент за пеење и танцување да го усовршуваат во текот на повеќемесечни подготовки. Во тоа ќе им помогнат гласовните тренери како и уметничките директори на сценскиот перформанс на програмот ,,Ритамот на Европа”.
Аудциите за наоѓање нови таленти за песни и танцуања продолжуват и понатаму во уште неколку градови во Македонија,се до финале.А финалето ќе се случи токму во Струмица со пренос на некоја од националните телевизии.
Елена Митева која е главен координатор на програмата „Ритамот на Европа“ во Македонија, очекува и се надева дека овој фестивал да прерасне во долгогодишна традиција.