Вкупно шест пластикомати ќе бидат поставени наредниот период во Струмица каде граѓаните ќе можат да депонираат пластични шишиња а за возврат ќе добиваат пари. Два веќе се поставени и тоа во ТЦ Глобал и СОУ Јане Сандански. Како што не информираше градоначалникот Костадин Костадинов станува збор за три пластикомати кои општината ги набави по распишана Јавна набавка а ја доби фирмата ,,Пакомак“ која пак ќе монтира дополнителни три кај струмички маркети. На овој начин како што истакна градоначалникот Костадинов, општината инвестира во потребната инфраструктура да се зголеми селекцијата на отпадот во градот а за возврат граѓаните кои ќе депонираат пластични шишиња ќе добиваат по половина денар преку соодветна апликација.
Во наредниот период се очекува да бидат поставени сите пластикомати. За набавката на овие пластикомати Општината издвои околу 830 илјади денари со ДДВ а целта е потикнување на селекцијата на отпадот за почиста Струмица