Со музички хепенинг во Струмица беше одбележан Денот на лицата со Даунов синдром. Овој хепенинг беше дел од кампањата што ја организираше Здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром Вера што се одржа под мотото „Иако сме различни, сепак сме исти“.
,,Нашето општество и институциите се повеќе ги прифаќаат лицата до Даунов синдром. Се уште недостасува да бидат целосно прифатени во однос на професионаниот тим кој треба да ги прифати во училиштата, во однос на индивидуалната програма кој овој тим треба да ја подготви за тоа дете да биде сместено во училишните клупи, но затоа ние сме тука, и родителите и здружението, секојдневно да испраќаме порака за подобрување на условите за живот и социјална инклузија на овие деца кое треба да бидат на повисоко ниво, изјави Анче Туфекчиева од Здружението „Вера“.