• Fri. Nov 22nd, 2024

Во Струмица  обука за мерките за вработување

Денеска во Струмица се одржа првата координативна обука со Центрите за вработување и Центрите за социјални работи од општините кои гравитираат во југоисточна Македонија за запознавање со мерките за вработување предложени со измените на оперативниот план.

Младите и вработувањето на тешко вработливите категории граѓани се во фокусот на дополнувањата на оперативнииот план, велат од УНДП кои се партнери на Агенцијата за вработување во спроведувањето на мерките за вработување.

Директорката на АВРМ, Билјана Јованова вели дека акцентот е ставен врз младите и ранливите категории граѓани за нивна поголема конкурентност на пазарот на трудот.

 

Меѓу мерките кои минатата недела ги промовираа министерската за труд и социјална политика Мила Царовска  и Луиза Винтон од УНДП, предвидени се грантови за млади и старт ап компании во висина од 10 илјади евра, како и стимулирање на бизнис заедницата за нови 250 вработувања до крајот на годината.

За оваа намена обезбедени се шеснаесет милиони евра и дополнителни два милиони од ребалансот на Буџетот.

Освен во Струмица, координативни обуки ќе бидат организирани и во Скопје и во Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *