Во Струмица засега не е регистриран омикрон сојот
Министерството за здравство соопшти дека Омикрон варијантата била детектирана во 68% од секвенционираните примероци направени во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје.
Во периодот од 5-ти до 10-ти јануари од 152 позитивни примероци на Ковид-19 104 од нив биле со Омикрон варијантата.
Министерството информираше и дека новиот сој засега е откриен во 12 градови – Скопје – 48, Охрид – 27, Кочани – 7, Тетово – 6, Велес – 5, Пехчево, Штип, Гевгелија, Кавадарци по 2 и Виница, Неготино, Битола по 1 заразен.
Анализите покажуваат и дека последнава недела за 51% е зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19. Најголем број од заразените се лица на возраст од 30-39 години (27%), 20-29 години (24) и 40-49 години (17%).
Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.