Во Струмица бесплатно мерење шеќер во крвта. Од утре па се до петок во просториите на Инкубатор, сегашен Центар за социјални услуги во Струмица, ЗГ Гликемија организира бесплатно мерење на шеќер во крвта за граѓаните.
Акцијата се се спроведува секој ден од 12 до 14 часот во една од просториите на првиот кат.
Од здружението Гликемија велат дека порастот на болеста кај децата се препишува на начинот на исхрана , но и начин на живот.
Со цел рана детекција и навремено лекување, но и превенција организираат еднонеделна акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта.
Од Гликемија велат дека расте бројот на деца со дијабетис во Струмица. Статистичките податоци на држвано ниво исто така потврдуваат дека во пораст е бројот на заболени од дијабетес. Од 150.000 пациенти , 40.000 примаат инсулинска терапија. На еден дијагностициран постои еден кој не е дијагностициран и не знае дека ја има болеста.