Месец ноември согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на РСМ е посветен на борба против болести на зависности (дрога, алкохол, цигари и игри на среќа), оваа година се одбележува под мотото „Информирај се и донеси одлука“.
На ден 20.11.2023 година, стручен тим од ООЦК Струмица оддржа едукативна работилница во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за превенција од игри на среќа. Беа одржани две работилници на кои беа присутни околу 200 ученици.