Во учебната 2023/2024 година, во текот на месец октомври , во просториите на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица се одржа вториот циклус на предавања на тема „Социјализација на учениците во училишната средина“, на кои предавач беше стручниот соработник во училиштето – социјален работник.
Во овој втор циклус беа одржани 6 предавања, на кои земаа учество вкупно 250 ученици од сите образовни профили од прва до четврта година.
Целта на овие предавања е подигнување на нивото на социјализација на учениците во училишната средина, како и детектирање на социјални проблеми кај учениците и преземање превентивни мерки за спречување на идни социјални проблеми кај учениците.