• Fri. Nov 22nd, 2024

Во сообраќајка кај Злеово загина момче од Владевци негов братучед се бори за живот

ByВане Трајков

Aug 26, 2017

Синоќа на излезот од населеното место Злеово  се случи сообраќајна несреќа во која 23 годишно момче од Владевци го загуби животот а негов 19 годишен братучед се бори за живот во   скопските клиники. Според информациите на Канал ВИС двајцата биле во патничко моторно возило Рено С  со струмички регистарски ознаки управувано од П.П. роден 1988 од Владевци  и се движеле од селото Злеово  кон магистралниот пат Радовиш-Струмица. Од  засега непознати причини 45 минути по полноќ излетале од патот. Возачот според полицијата го напуштил местото на настанот  и МВР трага по него.  23 годишниот  Т.В. од Владевци починал на лице место а 19 годишниот Д.С. со тешки повреди е префрлен во струмичката болница од каде итно пренесен на скопските клиники. На местото на настанот излегле надлежните органи од ПС Радовиш за да ги утврдат причините за сообракајката а Јавен обвинител  издал наредба телото на починатото момче да биде предадено на обдукција.

Сообраќајка имаше и синоќа на патот Струмица Радовиш кај Василево кој беше блокриан нешто повеќе од еден час. Според првичните информации во сообраќајката учествувале ПМВ BMV со бугарски регистарски ознаки  управувано од моче од Владевци и Ауди управувано од кумановец. Според полциијата движејки се кон Радовиш БМВ то го удрило патничкото возило Ауди кое се движело пред него  при што излетале и двете возила во околните ниви. Повредени се возачот и совозачот од Куманово и однесени во болницата во Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *