Попладнево на регионалниот патен правец Струмица-Валандово околу 17 часот се случи сообраќајка во населеното место Костурино во која тешко повредено е 19 годишно момче од Костурино кое управувало трактор марка ИМТ. Заради сообраќаката како што соопшти АМСМ сообраќајот кон Валандово беше во прекин од 17 часот и 30 минути и траеше до 19 часот и 30 минути
Од СВР Струмица информираа дека во сообраќајката учествувале патничко мтороно возило ,,,,опел корса’’ управувано од П. А. 67 годишен жител на Јосифово валандовско и трактор марка ,,ИМТ’’ упрауван од Г.Ч. 19 годишно момче од Костурино.
Полицијата ги утврдува причините за сообраќајката која го блокираше патот кон Валандово околу два часа