Радио Валандово објави дека несовесни граѓани собирале хуманитарна помош по станови во Скопје, во име на семејството Ризови, без тие воопшто да знаат дека некој се обидува да ќари во името на нивната ќерка. Семејството се обратило до Радио Валандово со порака дека девојчето е добро и тие не бараат никаква донација во моментов. Еве што изјавиле:
“Почитувани сограѓани, Ве известуваме дека ние како семејство денес сме вознемирени од информацијата дека се собираат пари за Анастасија.
Ние не сме побарале никаква помош од кога заминавме и сме вратени од Турција, од кога заврши лекувањето на нашата ќерка Анастасија.
Денес добивме информација дека низ Скопје се собираат средства за Анастасија, со пораката “Таа е излекувана но сега треба да се продолжи пак лекувањето”.
Ваквото лажно собирање на средства во името на нашата ќерка и нашето семејство, во моментов не вознемирува многу.
Ве замолуваме сите да споделите дека ова е ЛАЖНО СОБИРАЊЕ НА ПАРИ, и веднаш да пријате во полиција.”