Под влијание на продор на атмосферски фронт, во сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавата, локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.
Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали.
Услови за локална нестабилност со послаб интензитет ќе има и во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура, соопшти УХМР.
извор: Макфакс