Во очи на празникот Успение на Пресвета Богородица, во организација на Здружението Троја и општина Радовиш, на 25-ти и 26-ти август, во дворот позади Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше одржан првиот блуз фестивал „Радовиш 2023“.
Радовишани имаа можност да уживаат во блуз, џез и рок музика благодарение на одличните настапи на бендовите: In the mood, Троја со Гуру Харе, CROSSROAD blues band reloaded и гостинот од Република Грција, Сакис Деволис.
Целта оваа манифестација да прерасне во голем меѓународен фестивал на кој во иднина ќе учествуваат регионални и светски имиња од овие правци на музика и уметност.