Во прифатните пунктови за бездомници во кругот на Црвениот Крст во Струмица засега нема бездомници.Секретарот Марјана Тошева вели дека со најавениот пад на температурите очекува да се јави и првиот бездомник од регионот за згрижување.
Условите кои ги нудат пунктовите а во соработка со неколку институции се задоволителни и ги исполнуваат условите лице или семејство во најстудените денови од зимата да не спијат на отворено.
Сместувањето на лицата кои се бездомници и немаат каде да престојуваат во студените зимски денови се препорачуваат од трети лица со повик до општинската организација на Црвениот Крст или пак се со препорака од Центарот за социјални грижи.