• Fri. Nov 22nd, 2024

Во подготовка Закон за вршење на сметководствени работи

Во подготовка Закон за вршење на сметководствени работи

Министерството за финансии подготвува Закон за вршење на сметководствени работи.

„Законот за вршење на сметководствени работи е донесен во 2012 година со цел уредување на условите за вршење на сметководствени услуги и формирање на Институт за сметководители и овластени сметководители. Од досегашната примена на Законот се утврди потреба за доуредување на определени прашања поврзани со организацијата на Институтот, континуираното професионално усовршување, контролата на работењето, надзорот над работењето на Институтот, како и за воведување на стручен испит за влез во сметководствената професија. Дополнително, мандатите на органите и комисиите на Институтот се истечени или истекуваат поради што има потреба и од уредување на начинот на избор на новиот состав на органите и комисиите на Институтот.

Цел на Предлог-законот е доуредување на одредби за начинот на избор, надлежностите, составот, мандатот и престанување на членството во органите и комисиите на Институтот; воведување на стручен испит за сметководител, односно овластен сметководител; унапредување на постојниот концепт на континуираното професионално усовршување; доуредување на одредбите за контролата на работењето; изборот на органите и конститутивната седница на новиот состав на собранието во рок од шест месеци, по изборот на в. д. претседател на Институтот и времена подготвителна комисија“, се вели во законското образложение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *