• Sat. Nov 23rd, 2024

Во Пионерскиот дом во Гевгелија изложба на скулптури од Слободан Милошески

Во Пионерскиот дом во Гевгелија, в петок, со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации“, од авторот Слободан Милошески.

„Милошески со ова негово претставување го потврдува кинетизмот како тенденција во неговиот израз, но не само во формата туку и во уметничкиот, естетскиот, но и во идејниот израз. Оттука, кинетичноста, динамизмот кај авторот има не само формална, ами и идејно-суштинска смисла. Неговите дела, иако во конкретната поставка се со мали димензии, не се само апстрактно-асоцијативни формации, туку тие се и аксиолошки, вредносни системи. Динамизмот, како примарно својство на делата на овој автор, одамна е средство преку кое тој ги гради овие аксиолошки вертикали, асоцијации на авторовиот, но и општочовечкиот вредносен стремеж. Визуелно овие форми никнуваат од земјата, устремувајќи се кон небото, со што тие вредносни тенденции некако стануваат онтолошки и метафизички фундирани и аксиолошки насочени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *