Ликовната група “Пресек” в петок ја отвора изложбата Артерии во струмичкиот музеј. Пресек е уметнички проект на четири современи сликари. Формирана како контра аргумент на ликовно визуелната апатија во градот, основната цел на групата е да направи пресек помеѓу естетското загадување и спонтаното уметничкото здружување. Будење на визуелната свест и култура и деконтаминација на изгубените простори на периферијата. Дејствувањето нема да ги разводни индивидуалните авторски уметнички стилови и ставови на членовите, туку ќе ги кристализира преку единството на различностите со континуирано заедничко претставување. Во испразнетите простори на културните институции, оваа група е еден вид прогласување автономија на сликарството. Членови на групата Пресек се: Љупка Галазка Василев, Марјан Ѕингаров, Никола Пијанманов и Ване Костуранов.