Под мотото „Заедно за зелено училиште“, а согласно годишната програма за работа, во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково се одржа Отворен ден за родителите. Наставниците и останатите вработени во училиштето заедно со учениците и нивните родители со заедничка дружба засадија повеќе видови садници, дрвца и цвеќе во училишниот двор и со тоа придонесоа за уредување на училишниот простор со цел истиот да стане уште попријатно катче за престој. Целта на реализирањето на вакви заеднички активности е зголемување на соработката на училиштето и родителите.